X
 01.02.2026 Технологија

Медицинскиот универзитет во Дубаи користи алатки за ВИ за едукација на студентите

Во училниците на Медицинскиот универзитет во Дубаи (ДМУ) студентите по медицина, фармација и оние што учат за медицински сестри користат системи базирани на вештачка интелигенција за да поставуваат дијагнози, да донесуваат одлуки и да истражуваат природни лекови.

Медицинско образование

Овие алатки се дел од напорите на Универзитетот за интегрирање на вештачката интелигенција во медицинското образование, користејќи аватари базирани на вештачка интелигенција, виртуелни симулации на пациенти и учење базирано на метаверзум.

Студентите шетаат меѓу стотици лековити растенија во стаклена градина на кампусот и се консултираат со доктор Лајла, експерт за вештачка интелигенција во традиционалната медицина и лековитите растенија.

- Мојата мисија е да истражувам и да развивам природни лекови без несакани ефекти, црпејќи од потенцијалот на повеќе од 400 лековити растенија - вели доктор Лајла.

Во 2025 година универзитетот вовел два аватари базирани на вештачка интелигенција - доктор Лајла и „деканот во сенка“, доктор Алија.

И двата беа развиени интерно за да им обезбедат на студентите информации програмирани и научно потврдени од универзитетски експерти - објаснила раководителката за вештачката интелигенција и иновации, Хеса Лутах.

Додека доктор Лајла им помага на студентите да истражуваат природни лекови базирани на традиционална медицина, доктор Алија им помага на менаџментот и на студентите за академската програма и административните прашања.

- Студентите уживаат што наместо да користат учебници или да поминат часови во истражување, можат да дојдат и да се консултираат со д-р Лајла. Постои ризик од халуцинации, како и со сите системи за вештачка интелигенција, но во таа смисла ние ја контролираме повеќе - вели Лутах.


Клинички процедури

Студентите вежбале и на симулатори на пациенти напојувани од вештачка интелигенција, вклучувајќи кукла по име Ендру, во болнички кревет, која симулира пациент. Студентите ја прегледале куклата, ѝ поставувале прашања и вежбале клинички процедури на неа.

- Како студент по медицина од прва година, навистина ми е забавно да имам вакво искуство бидејќи не одиме во болници и немаме клинички ротации. Нè ставија во реално сценарио, мора да се однесуваме како лекари од реалниот живот - истакнала една од студентките.

Универзитетот објавил дека со воведувањето технологии за вештачка интелигенција во училниците, времето за настава е намалено за 20 до 30 проценти. 

- Живееме во време кога сè брзо се трансформира во однос на технологијата, особено кога станува збор за вештачката интелигенција. Секогаш постои ризик луѓето да кажат дека ќе ни бидат украдени работните места, особено во здравството, но јас го гледам тоа како начин да им се помогне на студентите, дополнително да ги подобрат своите искуства - заклучила Лотах.

Извор: avaz.ba

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија