Пилот на „Изиџет“ го сврти авионот за 360 степени за да ги почести патниците со неверојатен поглед на поларната светлина.
Авионот патувал од Исланд до Манчестер додека поларната светлина го осветлувала небото низ Обединетoто Кралство.
Патникот Адам Гроувс од Лим, Чешир, вели дека неверојатната глетка го разубавила неговото патување, на кое се свршил со својата девојка.
Гроувс рече дека тој и неговата свршеница Јасмин Мап седеле на десната страна на авионот, кој полетал од Рејкјавик, и дека не можеле да ја видат поларната светлина доколку не бил пилотот. Парот го поминал нивното патување во Исланд ловејќи ја поларната светлина, но без успех.
- Седнавме на десната страна и по неколку минути пилотот се врати назад и направи свртување од 360 степени за сите да видат - вели Гроувс.
- Задоволни сме што капетанот изврши контролиран маневар со цел да им овозможи на патниците да бидат сведоци на неверојатен приказ од воздухот на една од најубавите глетки во природата - изјави портпаролката на „Изиџет“.
Извор:
ВВС
Фото: Adam Grooves