X
 16.07.2016 Култура

Најдобрите авиокомпании во светот за 2016 година

„Emirates“ е прогласена за најдобрата авиокомпанија во светот за 2016 година од водечката веб-страна за потрошувачка авијација „Skytrax“.

 

авио


Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, ја доби наградата во вторникот на церемонијата во текот на Фаранборо шоуто 2016.

Ова е четврти пат како оваа авиокомпанија ја добива наградата во изминатите 15 години.

„Ние сме почестени поради тоа што добиваме толку престижна награда. Нашата компанија секогаш ги става нашите клиенти на прво место, а ние напорно работиме да им го овозможиме најдоброто искуство на нашите клиенти“, изјави претседателот Тим Кларк.

„Фактот дека овие награди се базирани на директните повратни информации од патниците е пријатно и прекрасно издание за сета напорна работа“, додава тој.

Рангирањата на веб страна се базирани на впечатоците на 19.2 милиони патници од 104 различни држави. Истражувањето, кое опфатило повеќе од 280 авиокомпании, измери 41 параметар кои се движат од постапки за влегување во авионот до удобноста во седењето и квалитетот на услугите за време на летовите. Во продолжение проследете ги 20-те најдобри авиокомпании во светот.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура