X
 01.05.2025 Технологија

Нов агент со вештачка интелигенција ве учи како да користите „Фотошоп“

Секој што некогаш се сретнал со „Фотошоп“, најдобриот и најпознат уредувач на слики, многу добро знае колку е тешко да се започне од нула, освен ако искусен графички дизајнер не ни покаже неколку добри трикови.

„Адоб“ сега ќе ви го понуди својот нов агент за вештачка интелигенција кој многу ќе ја олесни работата во „Фотошоп“, за да можете да ги добиете најдобрите резултати што е можно побрзо, како илустратор да ви седи зад рамо и да ви кажува што да правите.

На настанот „МАКС Лондон“, „Адоб“ претставил нов агент за вештачка интелигенција за „Фотошоп“, кој доаѓа со нов панел за акции. Сакате подраматично небо? „Фотошоп“ не само што може да забележи можност за подобрување на вашата слика, туку и да преземе акција за вас со еден клик, а воедно ви дава целосна контрола.

Можете да користите природен јазик за пристап до над 1.000 изработки со еден клик во „Фотошоп“. Понатаму, „Фотошоп екшн“ предлага опции што креаторот може да ги преземе за да ја подобри сликата, но исто така ќе ви помогне да ја научите алатката, да споделувате повратни информации и предлози, па дури и да решавате повторувачки задачи.

Агентот со вештачка интелигенција може да ја изврши речиси секоја задача што ќе му ја побарате на „Фотошоп“. Во еден пример, алатката прво применува градиент на боја на текстот, а потоа го прави истото и за заднината.

Во секој случај, јасно е дека вештачката интелигенција значително ќе го подобри креирањето и обработката на слики во „Фотошоп“. Секако, постојат алатки со вештачка интелигенција кои можат целосно да креираат слики за вас, но тие ќе бидат со многу повисок квалитет ако зад нив стои човечката креативност.

Извор: vidi.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија