X
 01.07.2025 Технологија

Првиот квантен сателитски компјутер испратен во орбитата

Најновото лансирање на летало на „Спејс Х“, „Транспортер-14“, кое полета од вселенската база Ванденберг во Калифорнија на 23 јуни, исто така го однесе во орбитата првиот квантен сателитски компјутер. Уредот, развиен на Универзитетот во Виена, претставува историска пресвртница во вселената и квантната технологија, велат медиумските извештаи.

Квантниот сателитски компјутер е минијатурен уред кој користи фотонска квантна технологија, а неговата намена е да тестира колку долго квантниот хардвер може да преживее во вселенски услови, вклучувајќи изложеност на зрачење, температурни промени и вибрации. Моделот на летот е изграден за само 11 работни дена во лабораторијата на Германскиот воздухопловен центар во Трауен.

Покрај тестирањето издржливост, уредот ќе овозможи и обиди за обработка на податоци директно на сателитот, што може да го забрза одговорот на критични настани, како што се шумските пожари, и да ја намали потребата од испраќање сурови податоци на Земјата. Првите резултати од уредот се очекуваат околу една недела по влегувањето во орбитата, а проектот ќе биде клучен за развојот на идните сателити за набљудување и за подобрување на безбедносните стандарди во вселенските комуникации.

Извор: bug.hr

Фото: Platform X

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија