X
 01.08.2017 Здравје

Пресметајте го својот индекс на телесна маса

Одржувањето нормална тежина е важно за здравјето. За да ја пресметате својата идеална тежина, треба да знаете и како да го пресметате индексот на телесна маса.

Постојат два многу едноставни начини. Изберете го оној што ви одговара, зависно од тоа дали ја сметате висината во метри или во сантиметри.

Прв начин

Пред сѐ, со помош на метро измерете ја својата висина. Ако сте високи 1,80 метар, помножете 1,80 * 1,80 = 3,24 метри.

Следниот чекор е да ја поделите вашата тежина со резултатот што сте го добиле множејќи ја својата висина. Значи ако тежите 80 килограми, треба да ја поделите со 3,24 -> 80 : 3,24 = 24,7.
Во овој случај вашиот идеален индекс на телесна маса е 24,7.

Втор начин

Во овој начин сметате во сантиметри, а не во метри како во првиот случај.

Ако вашата тежина е 80 килограми, а висината 180 сантиметри, треба да поделите 80 : 180 = 0,44. Потоа, 0,44 поделете го уште еднаш со вашата висина - > 0,44 : 180 = 0,00244. Последниот децимален број што го добивте, без разлика на тежината или висината, помножете го со 10000 -> 0,00244 * 10000 = 27,7.

Повторно се добива истиот број за индекс на телесна маса, а се работи за две различни постапки. Значи, ако вашиот индекс на телесна маса е под идеалниот, вие не се храните доволно или квалитетно како што препорачува прехранбената пирамида. Ако бројот е над идеалниот, треба да внимавате на изборот на намирници со кои се храните.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје