X
 01.08.2022 Наука

Пресметан е временски рок кога би се случило следното масовно изумирање

Резултати од истражување спроведено на Универзитето „Тохоку“ во Јапонија покажуваат дека шестото масовно изумирање на Земјата, условено со пораст на површинската температура од 9 Целзиусови степени, нема да се случи барем до 2500 година според најлошото сценарио.

Во повеќе наврати во последните 540 милиони години, Земјата ги изгубила повеќето од своите видови во релативно краток геолошки временски период. Овие периоди се познати како масовни изумирања и често следат климатски промени.

Јапонскиот научник Кунио Каихо се обидол да ги квантифицира стабилноста на просечната земјина површинска температура и биолошката разновидност на планетата. Тој открил дека колку е поголема промената на температурата, толку е поголем и опсегот на изумирање.

Кога станува збор за глобалните ладења, најголемите масовни изумирања се случиле кога температурите паднале за околу 7 Целзиусови степени. Но во случајот со глобалните загревања, најголемите масовни изумирања се случиле при загревање од околу 9 Целзиусови степени. Тоа е многу повеќе од претходните проценки кои сугерираат дека температурен раст од 5,2 Целзиусови степени би резултирала во големо изумирање.

Глобалното затоплување кое се случува сега до крајот на векот се очекува да предизвика пораст на површинската температура за дури 4,4 Целзиусови степени. Според Каихо, загревањето од 9 степени не треба да се очекува барем до 2500 година според најголемото сценарио.

Каихо не негира дека на копното и во водата веќе се случува изумирање на видови поради климатските промени и вели дека предвидувањето на следното масовно изумирање само врз основа на површинската температура е тешко бидејќи причините за ова изумирање се различни од претходните.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука