X
 01.08.2023 Наука

НАСА најави сопствена интернет-платформа

Постојат многу платформи за филмови, серии и друга содржина на интернет, а наскоро ќе добиеме уште една. Американската вселенска агенција НАСА објавила дека ќе создаде сопствена платформа на која ќе објавува свои содржини.

- Нашата визија е да го инспирираме човештвото преку уникатно веб-искуство на НАСА од светска класа - изјавил Џеф Ситон, главно лице за информации во седиштето на агенцијата во Вашингтон.

Модернизирањето од технолошка гледна точка и рационализирањето на начинот на кој јавноста се ангажира со содржината на НАСА преку интернет се првите чекори со кои информациите на агенцијата ќе станат подостапни и видливи, додал Ситон.

Новата платформа ќе служи како база на информации за мисиите и истражувањата, како и податоци поврзани со работата на агенцијата. На платформата нема да има реклами, а таа ќе биде достапна бесплатно. На неа ќе се вршат и преноси во живо од мисии на НАСА.

Платформата, која ќе се вика „НАСА +“, треба да биде достапна и за мобилен телефон и за телевизиски уреди.


Извор: Zimo
Насловна фотографија: NASA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука