X
 01.08.2025 Наука

Влијанието на музиката врз мозокот: како песните ја зајакнуваат меморијата

Музиката ги подобрува расположението и меморијата до таа мера што стратегиите за лекување болести како Алцхајмерова болест или деменција понекогаш вклучуваат музика. Но, како музиката ја зајакнува меморијата, останува нејасно.

Во нов труд Кајла Кларк од Универзитетот „Рајс“ и Стефани Лил од Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес истражувале кои карактеристики на музиката ја подобруваат меморијата кај луѓето.

Откако учесниците во студијата гледале слики од секојдневните искуства, истражувачите свиреле музика и ги манипулирале нејзините карактеристики. Некои карактеристики, на пример, дали песните биле среќни или тажни, или познавањето на песните - немале никакво влијание врз тоа колку добро учесниците ги паметеле сликите. Сепак, индивидуалните разлики во силата на емоционалните реакции предизвикани од музиката влијаеле врз меморијата.


Вреди да се напомене дека овој ефект на зголемување на меморијата бил специфичен за различни аспекти на меморијата.

- Колку поемоционални станувале луѓето од музиката, толку повеќе се сеќавале на суштината на претходен настан. Но, луѓето што имале поумерени емоционални реакции на музиката се сеќавале на повеќе детали од претходните настани - вели Кларк.

Според авторите, нивната работа укажува на специфичноста со која музиката ги зајакнува аспектите на меморијата. Авторите нагласуваат дека музичките интервенции за подобрување на меморијата кај пациентите можеби ќе треба да бидат персонализирани, бидејќи музиката не ја подобрува меморијата рамномерно.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука