X
 01.10.2018 Образование

Отворени вратите за бруцошите на УГД

Со новиот Закон за високо образование се подобрува квалитетот, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој денеска присуствуваше на првиот академски час на студентите што во 2018/2019 се запишаа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
- Универзитетите ги сметаме за партнери во овој процес, без нив не можеме да постигнеме резултати. Затоа тој партнерски однос треба да се негува и мора заедно да работиме на подобрување на квалитетот - рече Адеми, нагласувајќи дека на студентите им треба европско образование.

Арбер Адеми, министер за образование и наука

На прашањето дали некогаш ќе се реализира изградбата на студентски дом во Штип, Адеми одговори дека капиталните проекти се приоритет на МОН.
- Очекувам во наредниот период при подготвување на буџетот за 2019 година да седнеме заедно со ректорите на јавните универзитети и да видиме кои се потребите, иако ние веќе знаеме кои се. Но, уште еднаш да направиме приоритетни проекти за сите универзитети за да се подобри ситуацијата - изјави Адеми.
Ректорот на штипскиот универзитет, Блажо Боев, соопшти дека на 12 факултети и три академии на УГД се запишани 1.700 студенти и околу 70 од странство.
- Сакам да им посакам успешно студирање на младите, a на новите студенти - добар живот во Штип. Им посакувам најубавите години од својот живот да ги поминат во овој град и да стекнат знаење со кое утре ќе се справат со предизвиците, а тоа е секако широкиот пазар на Европската Унија.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование