X
 01.10.2019 Образование

Објавени резултатите од конкурсот за прием на бруцоши во студентските домови во Скопје

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти (од прва година) на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година - за градот Скопје.

- По објавувањето на резултатите студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена (од денот на објавување на резултатите), кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука - со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје - соопштија од Министерството.

Оттаму напоменуваат дека согласно конкурсот, сместувањето во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.

- Резултати по приговорите ќе бидат објавени на интернет-страницата на Министерството за образование и наука на 15.10.2019 година - соопштија од МОН.

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом „Гоце Делчев“ – Скопје

Список на примени кандидати од прва година што аплицирале во „Гоце Делчев“ – Скопје, но поради ограничен број на места, примени се во други домови во Скопје

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ – Скопје

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом „Пелагонија“ – Скопје

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом „Стив Наумов“ - втора зграда – Скопје

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом „Стив Наумов“  трета зграда – Скопје

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом „Стив Наумов“ нови бараки – Скопје

Список на примени кандидати од прва година што аплицирале во „Стив Наумов“ нови бараки – Скопје, но поради ограничен број на места, примени се во други домови во Скопје

Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом ДСД „Томе Стефановски-Сениќ“ – Скопје

Список на кандидати што не исполниле некои од условите утврдени во Конкурсот за сместување во студентските домови на територијата на град Скопје

Фото: dsdskopje.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование