X
 01.11.2020 Образование

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Колку државни училишта има во Македонија?

Во оваа рубрика ви претставуваме интересни податоци за Македонија

Образовниот процес во Македонија поминувал низ многу фази и периоди. Од први црковни училишта и периоди на голема неписменост на населението до пред 70-ина години, до постоењето на голем број факултети – државни и приватни. Сте се запрашале ли некогаш колку училишта има во Македонија? Според податоците на Министерството за образование и наука, во 1.100 училишни објекти се сместени 364 основни и 108 средни општински училишта.

Средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ - Скопје

Посебно се вбројуваат државните училишта за кои е директно задолжено МОН, а не општините во кои се наоѓаат.
Во вкупно 12 државни училишта се реализира основно образование. И тоа: пет се посебни основни училишта за деца со посебни образовни потреби, две се заводи за деца со посебни образовни потреби (во едниот од нив се реализира и основно и средно образование) и еден Завод за деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение. Во четири државни музичко-балетски средни училишта се реализира и настава од основно образование.

ПОУ „Златан Сремац“ - Скопје (фото: Википедија)

Според податоците на Министерството за образование и наука, од посебните основни училишта најмногу ученици има ПОУ „Златан Сремац“, а од музичките – „Илија Николовски – Луј“ од Скопје. Во „Златан Сремац“ во оваа учебна година има 103 ученици.

Во Македонија има вкупно 12 државни средни училишта - пет уметнички средни училишта (4 се музички и 1 е ликовно), четири училишта се за ученици со посебни образовни потреби (во едното се реализира и основно и средно образование), по една Спортска академија и Спортска гимназија и Математичко-информатичка гимназија, која почна да работи од оваа учебна година.
Најмногу ученици има во Спортската академија и нивниот број изнесува 881.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование