X
 01.12.2021 Култура

Дигитализирани дела на Блаже Конески

Една од активностите по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески е изработка на веб-страница со дигитални изданија на делата на Блаже Конески, која ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ. На веб-страницата http://koneski.manu.edu.mk/ се претставени дигиталните верзии на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“, проект на МАНУ раководен од акад. Катица Ќулавкова.

Првите шест тома од целокупните дела на Блаже Конески го опфаќаат неговото книжевно-уметничко и книжевно-научно творештво, односно  Поезија 1, Поезија 2, Препеви, Проза, Есеи и Македонскиот 19 век. Со том 7 започнува лингвистичкиот дел од творештвото на Блаже Конески. 

Инаку, 2021 година е прогласена за Година во чест на Блаже Конески, а МАНУ е вклучена во одбележувањето на оваа значајна годишнина на својот прв претседател преку повеќе активности.

фото: МАНУ


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура