X
 01.12.2021 Култура

Музиката на Френк Запа во изведба на Биг бендот на ЗЏМ

Биг бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија (ЗЏМ) вечерва во салата на Филхармонија, со почеток во 20 часот, ќе ги почести музичките обожаватели со уште еден уникатен концерт. Станува збор за трибјут-вечер на музиката на Френк Запа, аранжирана и приспособена за Биг бендот од страна на ЗЏМ, а под диригентската палка на австрискиот диригент Зиги Фајгл.

- Запа накратко експериментирa со биг бендови во раните 70-ти и повторно за време на неговата последна турнеја во 1988 година, но неговата музика совршено се адаптира за биг бенд изведба.
Не пропуштајте да бидете дел од уште едно несекојдневно шоу и да уживате во аранжманите на музиката на Запа, во изведба на ЗЏМ Биг бенд оркестарот. На сцената на Филхармонија, на Биг бендот ќе му се придружи австриски диригент, маестро Зиги Фајгл - соопштуваат од ЗЏМ.

Френк Запа е една од најкарактеристичните музички фигури што го одбележаа 20 век и се смета за еден од најиновативните и стилски најразновидни музичари на неговата генерација. Тој е американски музичар, композитор, текстописец и водач на бенд.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура