X
 02.01.2017 Економија

Разликите помеѓу американската и германската обука за работа

Конвенционалната мудрост во Америка е тоа дека добрата работна позиција бара диплома од четири годишни студии на колеџ. Но, во Германија, каде стапката на невработеност кај младите и половина од онаа на Америка - многу студенти избираат сосема друг пат и се одлучуваат за програмите за стручна обука која им помага да ги постават темелите за кариера веднаш после завршувањето на студиите.

Како функционира сето тоа? Студентите кои се одлучуваат за стручно образование го делат времето помеѓу обуката за време на предавањата и праксата. Тие поминуваат три или четири дена неделно во училниците, ги учат основите за одредени индустрии како што е столаријата или заварувањето, а остатокот од неделата го поминуваат во пракса во компании кои нудат програми за студенти. Потребни се од две до четири години за да се заврши стручната програма, во зависност од индустријата.

Она поради кое студентите се одлучуваат за стручна обука во Германија е загарантираното вработување после дипломирањето. Тоа е и причината зошто половина германски матуранти се запишуваат на овие програми. Колку за споредба, 69 отсто од американските матуранти се запишуваат на колеџи со две годишни студии, додека 29 отсто веднаш започнуваат со работа.

Една од причините поради тоа што стручните програми не се толку чести во Америка, е тоа што компаниите се помалку подготвени да платат стажирање кое нуди обука на самото работно место. Германските компании плаќаат 75 отсто од годишните трошоци (19.850 долари) за секој студент, а владата го покрива останатото.

Тука е и проблемот со конзистентноста. Американските стручни програми се разликуваат од училиште до училиште, германските стручни програми се регулирани со „стандардизирани професионални профили или наставни програми, развиени од федералната влада во соработка со работодавците, едукаторите и претставниците на синдикатот“.

Секој млад машинист кој посетува обука било каде во Германија ги учи истите вештини во ист редослед со ист распоред, како секој друг машинист. Ова е добро за чираците бидејќи гарантира програми со висок квалитет каде учениците учат повеќе од една метода на компаниите, со што им се овозможува промена на работата за сите оние кои сакаат да го направат тоа.

Во последниве години, Америка е под голем притисок за да ја усвои германската програма за стручна обука.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија