X
 18.06.2019 Образование

Стартува „Маркетинг365 Ресурсен Центар“ со обука за „Односи со јавност (ПР) за време на кризи“

Специјализираниот портал Маркетинг365 кој претставува домашна платформа со информации и вмрежувања насочени кон маркетинг, медиа и ПР индустријата, неодамна лансираше свој нов сегмент наречен “Маркетинг365 Ресурсен Центар“ кој ќе нуди напредни обуки и работилници од врвни комуникациски експерти, насочени кон домашните комуникациски професионалци и чинители во креативната индустрија.

Првата обука која ја организира “Маркетинг365 Ресурсен Центар“ е од областа на ПР-от и е насочена кон пренесување на знаење и градење на капацитети за менаџирање со кризи.

Обуката е насловена како “Односи со јавност (ПР) за време на криза“ а обучувач е г-дин Гоце Пачемски.

Пачемски е препознаен како врвен ПР професионалец и еден од лидерите на комуникациската индустрија во Македонија. Со претходно работно искуство во медиуми како новинар, во институции како портпарол и лидер на ПР одел, Пачемски веќе 15 години е дел од една од водечките ПР агенции во Македонија - Имиџ ПР, каде имал можност да работи за некои од најголемите светски и домашни брендови од најразлични индустрии, вклучувајќи FMCG, телекомуникации, енергетика, рударство, банкарство, тобако итн. Повеќе информации на ОВОЈ ЛИНК.

Не постои организација или бренд што не може да доживее криза која може сериозно да ја уништи нејзината репутација која се градела со години и години. Градењето и одржувањето на репутацијата е најважната работа на Односите со јавноста и секој професионалец од оваа област мора да биде подготвен за да може навремено да ги препознае, а потоа и менаџира ситуациите и настаните кои можат да предизвикаат криза и трајно да ја нарушат репутацијата. Затоа прашањето не е “Дали ќе ни се случи криза?“ туку “Колку добро сме подготвени за неа!?“

Обуката е закажана за 27-ми и 28-ми Јуни, во хотел “Солун“. Бројот на учесници е ограничен поради тоа што цел на организаторот и обучувачот е да се овозможи атмосфера за максимална ефикасност на практичните вежби предвидени со обуката. Котизацијата изнесува 6150 ден + ддв а повеќе информации може да се добијат на contact@marketing365.mk или 070 865 897
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование