X
 02.01.2024 Живот

Земјотресот во Јапонија ја поместил земјата за 1,3 метри на запад

Експертите проценуваат дека силниот земјотрес што вчера ја погоди јапонската префектура Ишикава ја помести земјата во регионот Ното до 1,3 метри на запад.

Јапонската агенција за геопросторни информации (GSI) ги анализира податоците од ГПС по земјотресот со јачина од 7,6 степени, а најголемото движење е забележано во градот Ваџима, на околу 1,3 метри на запад.

Движењето на земјата кон запад за околу еден метар е забележано во градот Анамизу, а за околу 80 сантиметри во градот Сузу, јавуваат јапонските медиуми.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот