X
 02.03.2021 Технологија

Веб-страница овозможува анимирање на стари фотографии

Веб-страницата „Мај херитеџ“ има нова алатка која со помош на вештачка интелигенција анимира стари фотографии. Алатката наречена „Дип носталџа“ може да ги анимира старите фотографии од познати личности или лични фотографии од роднини.



Сè што треба да направите е да ја прикачите фотографијата што сакате да биде анимирана и ќе добиете верзија од фотографијата во која лицата на личностите ќе се движат. Може да се анимираат и фотографии со повеќе лица.



Мислењата на корисниците за алатката се поделени. За некои, таа е магична, а за други е морничава. Во секој случај, нема да ве остави рамнодушни.



Автор: Тони Тран
Извор: futurism.com
Фото: Принтскрин/Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија