Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод 25 април – Денот на своето основање, организираше тридневни академски настани под мотото „Корени и крилја – Европска диплома дома“.
Тематските собири ја афирмираа мисијата на УКЛО како платформа за современи образовни и научни дискурси, во синергија со европските партнерства и локалната интелектуална традиција.
Настаните опфатија историски осврт на значењето на Македонското научно друштво – Битола, како темел на научниот идентитет во регионот и продолжија со промоција на нови доктори на науки, како сведоштво за континуираниот
академски развој.
Значаен момент претставуваа и активностите во рамките на УКЛО КОЛОРС, со присуство на водечки претставници од европската Алијанса COLOURS: д-р Хаике Траутман, новоизбраната претседателка на КОЛОРС, директорката д-р Анете Клинкерт и д-р Крис Шатка, одговорен за квалитет. Тие со студентите од УКЛО и нивните ментори разговараа за досегашните иновативни образовни практики. остварија средба со бројни партнери на УКЛО и се запознаа со начинот на кој се одвива взаемната соработка, за што посочија:
- Возбудливо беше да се види како УКЛО толку прекрасно го отелотворува духот на Европската универзитетска алијанса COLOURS - комбинирајќи образование, истражување, иновации и заедништво.
Централниот академски панел „Корени и крилја – Европска диплома дома“ ги отвори перспективите за интеграција на УКЛО во европскиот образовен простор преку искуствата на домашни и странски експерти, со фокус на стратегиски партнерства и дигитална трансформација.
Академската агенда беше дополнета со World Café сесии, изложби на ученички творби и тематски форуми – меѓу кои се истакна панел-дискусијата „Жените во енергетиката“, како простор за рефлексија за родовата застапеност во техничките науки.
Со рекреативниот УКЛО ВЕЛО/МАРШ, настаните беа симболично заокружени во духот на заедништво и промоција на активна академска заедница. УКЛО уште еднаш го потврди својот статус како столб на високото образование во Македонија со европска перспектива.
(Комерцијална објава)