X
 02.08.2020 Култура

Од Скорсезе до Кјубрик - ова се омилените филмови на Кијану Ривс

- Обожавам да режирам. Обожавам да развивам приказна. Обожавам актери. Го обожавам киното, начинот на кој визуелно раскажуваш приказна.
Кијану Ривс

Иконскиот актер, режисер и продуцент Кијану Ривс го открива изборот на неговите омилени филмови.

Како млад тинејџер, Ривс бил избркан од четири различни средни училишта, така што тој никогаш не го добил тоа традиционално чувство за образование. Кога станува збор за киното, учењето во текот на самата работа отсекогаш бил неговиот начин. На 15-годишна возраст, Ривс почнал да работи како асистент на филмовите на неговиот очув.

Проучувајќи ја уметноста на глумата, Ривс почнал да се појавува во мали театарски и филмски улоги во раните 80-ти, пред конечно да добие голема улога во 1986 година во филмот „На брегот на реката“. Потоа следел филмот „Бил & Тед“, како и во филмот „Родители“ заедно со Хоакин Феникс.

Кијану посветил голем дел од својата рана кариера на независните филмови. Градејќи име за себе, славата на Ривс добила нови размери по соработката со Френсис Форд Копола на „Дракула“. Актерот потоа почнал да глуми во блокбастери како „Брзина“, „Матрикс“, а од неодамна и во „Џон Вик“.

Сега, Кијану Ривс претставува култна фигура во Холивуд. Неодамна, на „Редит“, Кијану Ривс ги откри неговите најомилени филмови. Осврнувајќи се на некои од најдобрите филмови на сите времиња, Ривс ги наведува ликовите на Мартин Скорсезе, Стенли Кјубрик и други режисери како негова инспирација.

„Таксист“ - Мартин Скорсезе, 1976 година
„Апокалипса сега“ - Франсис Форд Копола, 1979 година
„Пеколен портокал“ - Стенли Кјубрик, 1971 година
„Строцек“ - Вернер Херцог, 1977 година

Извор: Faroutmagazine.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура