Можеби не знаете ништо за музика или музички инструменти, но сигурно сте слушнале за Страдивари и виолините што го носат неговото име. Тие се толку посакувани, вредни предмети што понекогаш се појавуваат како цел на криминални дејства во филмовите и на телевизија.
Оваа гитара „страдивариус“, наречена „Сабионари“, која ќе ја видите во видеото, е уште поретка од виолините. Семејството Страдивари произвело над 1.000 инструменти, од кои 960 биле виолини. Сепак, биле изработени и мал број гитари, но само една остана погодна за свирење и тоа благодарение на реставрацијата што ја направиле Даниел Синие, Франсоаз де Ридер и Лоренцо Фрињани.
Во видеото гитаристот Ролф Лислеванд ја свири „Тарантела“ од Сантијаго де Мурсија на реставрираната гитара, чиј звук потсетува на друг барокен инструмент, чембалото.
Гитарата е толку уникатна и необична што има своја веб-страница, каде што може да најдете многу детални фотографии од елегантниот дизајн, како и повеќе музика.
Сопственик е приватен колекционер, но „Сабионари“ многу често се појавува на предавања за реставрација и конзервација на класични инструменти, како и на настапи низ Европа.
Извор: openculture.com
Фото: YouTube screenshot