X
 02.10.2025 Живот

Студентски живот со повеќе можности: Wolt како совршен баланс за младите

За многу студенти секојдневието изгледа како постојано жонглирање меѓу предавања, испити, потребата за спортување, дружење со врсниците и постигнувањето на финансиска независност. Ова последното понекогаш останува само на желба, но постојат и оние кои успеваат да ја совладаат таа сложена комбинација. Виктор Т. од Скопје е еден од нив, студент кој веќе извесен период работи како курир-партнер на Wolt, искуство што, според него, му ја донело потребната слобода да биде свој.



-Флексибилноста е најголемата предност. Работата ми дозволува да најдам време и за учење и за работа, но и за одмор. Дури и во испитна сесија, кога сите сме под притисок, можам да ја прилагодам динамиката според тоа што ми е најважно - вели тој.

Виктор објаснува дека за еден студент најважно е да се најде баланс меѓу обврските на факултет и дружбата, а при тоа да обезбеди сопствен приход, независно од поддршката од родителите или некоја стипендија. Работата како курир-партнер на Wolt му ја дава токму потребната флексибилност која го одржува неговиот баланс.

-Многу ми значи што сам одлучувам кога и што ќе работам. Тоа не е само распоред, тоа е стил на живот. Со велосипед низ градот – секој ден изгледа поинаку. Како студент тоа ми е потребно. Не сакам да седам врзан на едно место. Имам темперамент што сака движење, сакам да се снаоѓам во нови ситуации, а најинтересниот дел е што секој ден има ново лице, нова приказна, а понекогаш и забавна ситуација што ја памтиш. Не можам да кажам дека интеракцијата е многу поразлична, но има интересни личности кои умеат да ја разбијат монотонијата - објаснува Виктор.

Работата за него не значи ниту откажување од убавините кои ги носи младоста. Напротив – ја нагласува социјалната страна. 

„Апсолутно имам време за дружење. Работата ми овозможи да бидам активен, да останам во форма и да имам време и за моето друштво и семејство“



Неговиот ден изгледа како внимателно сложен мозаик со предавања на факултет, излегување со пријатели навечер, време за одмор, и во меѓувреме возења со Wolt, коешто придонесува Виктор да чувствува дека е дел од поголем систем.

-Балансот што го создадов е она што најмногу ме изненади. Никогаш не мислев дека ќе можам толку добро да го усогласам. Но, помага и тоа што се чувствувам поддржан и сигурен дека ќе ја добијам секоја информација што ми е потребна за испораките. Истовремено сум независен. Тоа ми дава мотив за работа - вели тој.

Од денешна перспектива, најмногу го изненадила леснотијата со која оваа работа се претворила во секојдневие што му носи и динамика и сигурност. 

-Сакав да бидам во движење и да заработувам, и го најдов тоа. Сакав да запознавам луѓе и да имам слобода, и тоа го добив. Ова е искуство што ме научи дека студентскиот живот може да биде многу повеќе од учење и испити, може да биде и независност - вели студентот што го најде совршениот баланс меѓу учењето, спортот и заработката со Wolt.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот