Алкохолот долго време останува во организмот, што значи дека опасноста во сообраќајот трае и по завршеното пиење. Во Велика Британија дури четвртина од казнетите возачи меѓу 5 и 11 часот наутро биле под дејство на алкохол, иако таму е дозволено 0,8 промили. По пиењето навечер, алкохолот сè уште е присутен во телото, па возачите не се подготвени безбедно да управуваат со возило.
Со алкохолот мора да бидете внимателни, особено со процената кога повторно можете да возите. Како што покажуваат многубројни анализи, дури и мала количина може да влијае врз концентрацијата, видното поле и времето на реакција. Исто така, дејството на алкохолот зависи од повеќе фактори: пол, возраст, метаболизам, тежина, вид на пијалак, храната што сте ја консумирале пред пиење, па дури и нивото на стрес на кое сте изложени.
Колку долго алкохолот останува во организмот?
Според британската организација за безбедност во сообраќајот „Роуд риспект“, времето на разградување на алкохолот зависи од видот и количината. Организацијата ги дава следните препораки:
Чаша вино (13,5 отсто алкохол)
1 пијалак – 3,5 часа
2 пијалаци - 7 часа
3 пијалаци - 10,5 часа
4 пијалаци - 14 часа
5 пијалаци - 17,5 часа
Чаша жесток пијалак (40 отсто алкохол)
1 пијалак - – 1,5 час
2 пијалаци - – 3 часа
3 пијалаци - 4,5 часа
4 пијалаци - 6 часа
5 пијалаци - 7,5 часа
Пиво или лагер (5 отсто алкохол)
1 пијалак - 2,5 часа
2 пијалаци - 5 часа
3 пијалаци - 7,5 часа
4 пијалаци - 10 часа
5 пијалаци - 12,5 часа
Извор:
n1info.hr
Фото: Unsplash