X
 17.11.2018 Технологија

Австрија во 2019 ќе го воведе автопилотот кај автомобилите

Во Австрија од 1 јануари следната година самоуправувачкото возење кај автомобилите ќе биде дозволено. Тоа значи дека возачите ќе смеат да ги тргнат рацете од воланот ако возилото има соодветна технологија, соопшти министерот за сообраќај, иновации и технологија Норберт Хофер.

Самоуправувачкото возење ќе биде дозволено само на автопат и кога се вози во колона без менување ленти. Ќе биде дозволено и т.н. самоуправувачко паркирање, без присуство на возачот.

Хофер истакна и дека следните неколку години државата ќе вложи 65 милиони евра во самоуправувачкиот сообраќај, со што е предвидено земјата да биде меѓу водечките во Европа во поглед на самоуправувачкото движење.

Австриските власти ја разгледуваат и можноста за самоуправувачки железнички сообраќај, како и за воздушен, но за тоа е потребна поширока правна рамка.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија