X
 02.12.2019 Образование

Се воведува домашна настава за ученици што долго отсуствуваат од школо

Кога ученикот ќе отсуствува од настава подолго време, училиштето во кое е запишан треба да ја организира наставата за него во домашни услови. Оваа новина во новиот Закон за основно образование направи забуна во училиштата. По подолги отсуства на ученици во неколку училишта вработените не знаат дали и како сето тоа може да се реализира, особено со предметна настава. Како и од кога да се применува оваа новина, не знаат ни директорите.
Од Бирото за развој на образование (БРО) објаснуваат дека овој дел од Законот ќе се применува откако ќе се донесе соодветен правилник кој ќе го определи начинот на изведување на домашната настава.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование