X
 02.12.2025 Живот

Како да гледате „Јутјуб“ без реклами

„Јутјуб“ е платформа која секојдневно ја користат многу корисници, но официјалната апликација е полна со реклами, скокачки прозорци и визуелен неред. Затоа сè повеќе корисници бараат начин да следат видеа непречено, брзо и без прекинување на содржината. Постојат неколку ефикасни решенија кои обезбедуваат многу попријатно искуство.

Една опција е да користите андроид-прелистувач со напредни контроли за видео. Прелистувачи како што се „Банана броусер“ (Banana Browser) или „Брејв“ (Brave) нудат блокирање на рекламите, репродукција во заднина, слика во слика, па дури и автоматско прескокнување на спонзорирани сегменти преку функцијата „Спонзор блок“ (SponsorBlock). „Брејв“ е поедноставен за типичните корисници, додека „Банана броусер“ нуди подетални контроли за видео.

Петте најдобри начини за гледање „Јутјуб“ без реклами и прекини

Друга опција се алтернативните јутјуб-апликации за „Андроид“. „Тубулар“ (Tubular), базирана на проектот „Њу Пајп“ (NewPipe), посебно се издвојува благодарение на поддршката од „Спонзор Блок“ и враќањето на опцијата „не ми се допаѓа/dislike“. „Њу Пајп“ и „Пајп Пајп“ (PipePipe) остануваат одлични опции за постарите телефони и корисниците кои сакаат повеќе приватност. „Грејџеј“ (Grayjay) пак, е уште една напредна варијанта, бидејќи интегрира повеќе платформи и складира претплати локално, без синхронизација со услугите на „Гугл“. На компјутерите, најпопуларното решение е „Фри тјуб“ (FreeTube): бесплатен и со отворен код, со интерфејс што наликува на вистинскиот „Јутјуб“, но без реклами. Сите претплати, листи и историја се чуваат локално, без следење. Повремено престанува да работи кога „Јутјуб“ прави промени, но заедницата обично брзо обезбедува поправки.


За телевизори со платформата „Гугл ТВ“, постои „Смарт тјуб“ (SmartTube), што е убедливо најдобрата алтернатива на официјалната апликација. Обезбедува побрзо работење, повеќе поставки, подобра контрола на квалитетот на видеото, поддршка за „Спонзор блок“ и целосно ги отстранува рекламите. Инсталацијата бара дополнителен чекор бидејќи не е во „Плеј стор“, но корисниците сметаат дека вреди да се вложи труд.


Последната опција е да се плати за „Јутјуб премиум“. Единственото официјално решение што ги отстранува рекламите на сите уреди. Обезбедува „Јутјуб мјузик“, гледање офлајн и дополнителни контроли за репродукција. Сепак, цената е висока, а интерфејсот на официјалната апликација останува ист, па затоа не ги решава сите недостатоци што ги забележуваат корисниците.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот