X
 16.02.2024 Забава

Нова хит-серија на „Нетфликс“ што се гледа во еден ден

Гледачите споделуваат дека ја изгледале новата хит-серија на „Нетфликс“ во еден ден.

Понекогаш наидувате на серија која е толку привлечна, што мора да ја изгледате наеднаш. И се чини дека тоа е токму она што им се случило на многу гледачи на новата серија на „Нетфликс“ со наслов „Еден ден“.

Серијата, со Амбика Мод и Лео Вудал во главните улоги - ги следи Ем и Декс кои се среќаваат на денот на нивното дипломирање.

Предупредување: Следуваат спојлери.

Како што често се случува, работите ќе тргнат во лоша насока кога Ем ќе настрада во сообраќајна несреќа. Нејзината смрт се случува додека таа вози велосипед и оди да ја види куќата што сакаат да ја купат со Декс. На крајот, приказната го следи Декс додека се помирува со загубата на Ем, насочувајќи се кон употреба на супстанции.

Со оглед на тоа што има четиринаесет епизоди кои траат помеѓу 19 и 39 минути, тоа е прилично многу содржина. Ако се прашувате, станува збор за неверојатни 400 минути или шест часа и 40 минути. Тоа звучи изводливо, ако сте одлучни и имате доволно удобен кауч или кревет.

Серијата заработи импресивен резултат од 91 отсто поддршка од критичарите на „Ротен томатос“, заедно со рејтинг од 86 отсто од публиката, додека луѓето ги споделуваат своите размислувања и на социјалните мрежи.

Извор: Unilad

Фото: YouTube/screenshoot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава