X
 03.06.2022 Живот

Овој месец редок феномен што ќе може да се види со голо око - порамнување на 5 планети

Почнувајќи од денеска, сите пет планети ќе можат да се забележат на небото пред зори.

Набљудувачите на небото ќе бидат почестени со ретка „планетска парада“ овој месец: сите пет планети ќе можат да се видат со голо око во нивниот соодветен орбитален редослед од Сонцето.

Од лево кон десно на југоисточното небо пред зори ќе можете да ги забележите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, сите по ред. Меркур ќе биде доста блиску до хоризонтот и ќе стане полесно забележлив како што ќе одминува месецот.

Петте планети ќе се протегаат на 91 степен од нашето небо. Најдете место со јасен поглед ниско кон исток за максимални шанси да го фатите Меркур. Ќе треба и брзо да се движите. Ќе имате помалку од половина час од моментот кога Меркур првпат ќе се појави над хоризонтот и ќе се изгуби во сјајот на изгрејсонцето.

Планетите ќе светат во низа затоа што сите патуваат на рамнината на Сончевиот Систем, позната како еклиптика.
Последното вакво порамнување на планетите, во таква конфигурација, беше во 2004 година.

Најдобрата можност за следење на спектаклот ќе биде на 24 јуни. Меркур треба да се појави еден час пред Сонцето. Полумесечината ќе биде помеѓу Венера и Марс и ќе служи како замена за Земјата.

Извор: Space.com
Фото: Sky&Telescope
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот