X
 03.06.2025 Живот

Средношколци од Кочани со две големи награди на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје: „Зелената изолација“ што ги освои жирито и иднината

Сара Георгиева и Стефан Голубов, ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, се новите млади херои на науката! На престижниот натпревар по наноматеријали, организиран од Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ), со својот иновативен пристап се истакнаа меѓу најдобрите 40-ина тима од цела Македонија. Го освоија третото место и награда од 300€. Нивниот проект беше препознаен по научната креативност и визијата за примена на нанотехнологијата во служба на одржливоста и зелените технологии. Иновативната идеја им овозможи покана за учество на студентскиот хакатон во рамките на конференцијата Green Circ 25 и таму го постигнаа врвот.



На хакатонот, одржан на 25 април, нивниот проект GREEN GUARD, нов изолационен материјал од оризов биоотпад, го освои првото место! Со идеја што комбинира екологија, технологија и иновација, тие ги освоија и жирито и публиката. Покрај паричната награда од 500€, добија и платена обука и директен контакт со индустриски лидери, чекор поблиску до реализација на својата визија.



Овој двоен успех на младите од Кочани докажува дека кога има страст, знаење и поддршка, не постојат граници. ТМФ ја препознава и поддржува иднината – онаа што веќе започнува во средношколските клупи.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот