X
 03.07.2019 Образование

Универзитет нуди можност да докторирате на тема хеви метал музика

Универзитетот во Њукасл, Австралија, објави натпревар во кој нуди школарина за студентите што сакаат да докторираат на тема како одредени елементи на социјалната географија влијаат врз развојот на хеви метал културата.

На кандидатите што ќе ги исполнат сите услови ќе им бидат одобрени  27.596 австралиски долари годишно.

Универзитетот ќе ја плати школарината за двајца студенти што живеат во Австралија, а една е резервирана и за меѓународен кандидат.

Во описот на темата, на која три студенти треба да го завршат својот докторат во областа на хеви метал музиката, пишува:

- Додека разни жанрови на музичката сцена се развиваат во различни делови на светот, повеќето хеви метал бендови  ги влечат корените од земјите на север. Кога ќе се погледне глобалната еволуција, позиционирањето на Австралија е единствено, и поради историските врски со Обединетото Кралство и поради споделувањето на културните вредности со колонизаторите. Иако географски е оддалечена од срцето на хеви метал културата, Австралија разви уникатен и страстен пристап кон овој жанр, притоа создавајќи голем број високо профилирани бендови - пишува во описот.

Ректорот на универзитетот, Сајмон Спрингер, дополнително ја разјасни потребата да се понудат стипендии за три докторати на оваа тема.

- Како доживотен фан на метал-музиката што неодамна почна и професионално да се истражува, заклучив дека ова би била добра основа за проширување на истражувачката област. Имав можност да ја истражувам метал-музиката за потребите на науката и слична тема постоеше во времето кога јас почнав со докторските студии - вели Спрингер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование