X
 03.09.2019 Наука

Телескопот „Џејмс Веб“ најпосле е завршен

Долгоочекуваниот нов вселенски телескоп на НАСА - „Џејмс Веб“ најпосле е завршен, соопштија од Американската вселенска агенција. Да потсетиме, дека проектот треба да го замени легендарниот „Хабл“, кој во последните децении направи стотици важни откритија за науката.

Завршувањето на „Џејмс Веб“ беше забавено неколку пати. Апаратот требаше да е готов за изведување во орбита, уште пред неколку години. Во меѓувреме неговата цена стана повисока од рекордните за ваков научен проект, 9 милијарди долари.

Новиот телескоп е уште на Земјата, но веќе е готов и претстојат финалните подготовки за неговото лансирање, кое според актуелизираните планови би требало да се случи во 2021 година. Според претходните планови на НАСА, тоа требаше да се случи во 2018 година, а потоа во текот на оваа година.

„Џејмс Веб“ е најголемиот вселенски телескоп со дијаметар на огледалото од 6,5 метра. Ако сѐ мине добро, тој би требало да му открие на човештвото бесценети знаења за вселената, вклучително за појавата на првите галаксии и нивната еволуција, формирањето на ѕвездите, како и за природата на гравитационите леќи и квазарите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука