Во јануари Кина стана првата земја што израсна растение на Месечината - едно садниче памук, кое умре во студената ноќ.
Но, новообјавените фотографии откриваат дека растението напредувало малку подобро во изолираниот биом отколку што се веруваше. Од семето израснале две зелени ливчиња. Претходно се веруваше дека било само едно ливче. Иако разликата меѓу растењето на едно или на две ливчиња е безначајна, фотографиите се фасцинантен поглед во обидите на Кина да проучи како Месечевата околина влијае врз животот.
Кинеската национална вселенска администрација се обиде да израсне и домати и квасец и да изведе јајца во малиот канистер во кој беше растението.
Ништо од тоа не преживеа, но медиумите пренесуваат дека експериментот продолжил до мај за да се утврди како се држел биомот во канистерот со текот на времето.
Научниците имаа поамбициозни планови - тие сакаа да пратат желка на Месечината за да можат да сфатат како тамошната гравитација влијае врз животните - потенцијално како прелиминарен чекор кон воспоставување колонија на
Месечината.
За среќа, барем за желката, сондата не можеше да издржи толку многу дополнителна тежина, па желката остана на Земјата.