X
 03.11.2022 Живот

Познати готвачи откриваат кои намирници никогаш не треба да ги купите замрзнати

Ако често купувате замрзната храна, без разлика дали поради погодност или затоа што постојано ви се расипува свежата храна - не сте сами.

Пред да одите да пазарите, можеби ќе сакате да слушнете што имаат да кажат искусните готвачи.

Неколку од нив откриваат која храна не треба да ја купуваме замрзната и зошто.

Зачини од растенија и билки


Дајна Бујалски, личен готвач за подготвување оброци дома, тврди дека не би се осмелила да купи замрзнати билки.

- Мислам дека билките секогаш ги подобруваат оброците, особено кога се свежи. Искрено, јас не сакам ни сушени билки. Замрзнатите билки изгледаат како да се сечкани, а потоа замрзнати во коцки - вели таа.

Обидете се да одгледувате зачини во вашиот дом за да можете да ги користите по потреба, предлага Дана.

Леб


Додека замрзнатите производи од тесто што можете да ги печете дома може да ви бидат корисни, Бујалски вели дека треба да избегнувате замрзнат готов леб.

- Конзистентноста се менува кога лебот се замрзнува. Ако сте љубител на леб, не можете да добиете ништо подобро од свеж леб - вели Бујалски.

Ако не ви се допаѓа лебот од продавница, размислете за правење леб дома. Тоа ќе биде незаменлив вкус.

Јагоди

Ако на јагодите не им е сезона, не купувајте ги замрзнати, вели Сузан Ирби.

- Јагодите по својата природа се презаситени со вода и буквално се распаѓаат кога ќе се замрзнат. Не препорачувам да користите замрзнати јагоди, дури ни во смути. Премногу течност и каша. Истото важи и за рецептите за колачи од јаготка - вели Бујалски.

храна
Фото: Freepik

Секогаш е добра идеја да се купи сезонско овошје, вклучително и јагоди. Но, ако сè уште сакате да ги купите или веќе имате кесичка замрзнати јагоди во замрзнувачот, размислете да направите компот од нив.

- Компотите може да се користат за палачинки или за десерти - вели Сара Гундерсон, главен готвач во училиште за кулинарски уметности.

Плескавици

Замрзнатите, претходно подготвени хамбургери може да бидат примамливи кога се подготвувате за скара во дворот. Но, треба да одолеете на тоа искушение, вели Адријан В. Коркил, готвач и косопственик на „Сити пост чопхаус“ во Џорџтаун, Тексас.

- Секогаш можете да купите свежо мелено говедско месо во самопослуга - има многу подобар вкус од замрзнатото - вели Коркил.

Брокула

Според Ирби, замрзнатата брокула е ужасно кашеста кога се готви, а има и проблем со стеблата и цветовите бидејќи ги има премногу.

- Производителите генерално ги ставаат стеблата во замрзнато пакување. Стеблата се гумени и со слаб квалитет - вели Ирби.

Џесика Рандава, готвачка и писателка, вели дека брокулата е нежен зеленчук кој „не се држи добро во синџирот на замрзната храна“. Таа забележува дека зеленчукот губи многу од својот вкус кога е замрзнат.

Уште полошо, зеленчукот како брокулата има тенденција да губи хранливи материи кога е замрзнат, вели Ерик Соносо, готвач и блогер.

- Замрзнувањето може да формира ледени кристали и да ги раскине клетките во зеленчукот. Ова може да ја намали активноста на водата и да дојде до губење на хранливите материи. Значи, кога го консумирате овој замрзнат зеленчук, не ги добивате хранливите материи од нив - вели Соносо.

Општ консензус меѓу сите овие готвачи е дека тие секогаш купуваат свежа брокула.

Извор: Rs.n1info.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот