X
 04.01.2015 Култура

Зборови кои треба да ги избришете од Вашиот речник

 Зборовите се моќна работа. Размислете за различните начини на кои тие можат да влијаат врз вашите личен живот или врз вашиот бренд на компанијата: блог кој луѓето всушност сакаат да го читаат, маркетинг содржина која мами илјадници нови корисници за вашите производи или услуги, автентичен глас кој допира до луѓето кои комуницираат со вас преку социјалните медиуми итн.

Доколку ги користите вешто тие можат да бидат вашето најмоќно средство. Еднакво на тоа, тие можат да ве уништат. Затоа треба да внимавате со кој зборувате и кои зборови ги користите и секако, што треба да отстраните од вашиот речник.

Всушност и но

Кога станува збор за услуга на клиенти овие навидум безопасни зборови можат да постават огромно растојание меѓу вас и вашите клиенти. Пример:

Всушност, можете тоа да го направите кога ќе притиснете „Поставки“.

Секако, тоа можете да го направите кога ќе притиснете „Поставки“.

Првата реченица подразбира дека клиентот грешел, а никогаш не треба да го поттикнете тоа чувство.

Што се однесува до „но“, погледнете во разликата.

Навистина ценам тоа што сте не` контактирале, но за жал оваа опција не е достапна.

Навистина го ценам тоа што сте не` контактирале. За жал, оваа опција не е достапна.

Без разлика на контекстот, ова потсетува на негативност. Потребно е да размислите за фразите кои би можеле да ги слушнете и како некој може да ги интерпретира.

„Само една минута“ - Вашите приоритети се некаде на друго место, и не ви е приоритет да ми помогнете.

„Јас сум само практикант“ - Мислите дека вашите моќи и вашето влијание се ограничени, што е и случајот.

„Никогаш“ - Дури и ако мислите дека нешто никогаш нема да се случи, со изразување на вашата негативност можете да ги обесхрабрите другите да придонесат идеи кои би го решиле проблемот.

Треба/Би требало

Секој има различни начини како би ја направил некоја работа, но со зборот „треба“, никогаш нема да ја направите правилно.

 

Би требало да...“ води до „Немам доволно дисциплина“ што пак води до прашањето „Што не е во ред со мене“ и на крајот го добивате „ Би требало/треба да дадам отказ“.

Наместо „треба“ потребно е да користите фраза која ќе биде поспецифична и фокусирана на некое решение. На пример, можете да си кажете себеси дека следниот пат ќе поминете 5 минути на нешто што постојано сте го избегнувале. „Ова попладне ќе поминам 20 минути на решавање на проблемот кој ќе ми ги реши останатите работи“ - ова е реченицата која ќе ве поттикне да работите.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура