X
 04.07.2022 Образование

Одржана меѓународната научна конференција „Полска и Балканот во Европа - Успеси и предизвици“

На 1.7.2022 година во организација на Правниот факултет при УКЛО – Битола и Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Република Полска, во Офицерскиот дом во Битола се одржа меѓународна конференција „Полска и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“. Овој настан е дел од истражувачкиот грант „Амбициите на Балканот и полската инспирација“, проект финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Полска во рамките на програмата за доделување грантови „Јавна дипломатија 2022“.

На свеченото отворање на конференцијата пригодни обраќања имаа: деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ; ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, проф. д-р Сашо Коруновски; градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски; директорот на Центарот за Европа, проф. д-р Камил Зајочковски; неговата екселенција, амбасадорот на Република Полска во Северна Македонија, г. Војчех Тчински; и министерката за култура во Владата на РСМ, проф. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.

1

Во рамките на конференцијата беа организирани четири панели на кои панелистите зборуваа за Полска и Балканот во време на глобални безбедносни предизвици, потоа успесите на Полска при имплементацијата на политичките и економските реформи за влез во Европската Унија; како и социо-политичките достигнувања на Полска како инспирација за балканските земји; и местото на Полска како лидер во социјалните и културните општествени промени.

konferencija

Целта на проектот е партнерите од Балканот да добијат совети од искуството на Полска при имплементацијата на искуствата од политичката, економската, законската, социјалната и културната трансформација.

Исто така, како дел од овој проект, на 2.7.2022 година на Правниот факултет во Битола беше организирана работилница „Амбициите на Балканот и Полската инспирација“ на која присуствуваа професори од Центарот за Европа од Варшава, како и професори и студенти од Правниот факултет при УКЛО. На работилницата свои излагања имаа професорот Богдан Горалчук и докторантката Дорота Јуркевич-Екерт, и двајцата од Центарот за Европа во Варшава.

3

Партнерите во овој проект сметаат дека со овие настани ќе овозможат продлабочување на заедничките контакти и воспоставување  нови, кои ќе придонесат за воспоставување трајна соработка меѓу партнерите од Република Полска и Република Северна Македонија.

5

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование