Може ли кето-диетата различно да влијае врз мажите и жените? Студија од Универзитетот за здравствени науки во Сан Антонио, Тексас, сугерира на тоа, а естрогенот би можел да промовира различна заштита од несакани ефекти на диетата, како што е акумулацијата на клетки што експресираат маркери на возраст (стареење).
Студијата открива дека машките, но не и женските глувци што биле на кето-диета покажале акумулација на клетки во органите што експресираат маркери на клеточно стареење. Кето-диетата е популарен режим со ниска содржина на јаглехидрати и висока содржина на масти, што може да им помогне на некои пациенти со дијабетес тип 2 да го контролираат шеќерот во крвта, а на оние со епилепсија да ги контролираат нападите. Клетките што експресираат маркери на стареење можат да придонесат за намалување на целокупната телесна функција поврзана со возраста.
- Овие резултати сугерираат дека специфичноста на полот ги менува ефектите од кето-диетата, со важни клинички импликации - истакнал д-р Дејвид Џиус, главниот автор на студијата од Универзитетот во Сан Антонио.
Во изминатите децении кето-диетата стана популарна и во Северна Америка и Европа. Иако диетите можат да подобрат одредени здравствени параметри, доказите од истражувања на глувци и клинички студии сугерираат дека ефектите може да зависат од повеќе варијабли, вклучувајќи придржување, метаболизам и, што е важно, пол, што укажува дека хормонскиот статус може да влијае врз одговорот.
Џиус вели дека улогата на полот во одговорот на кето-диетите е недоволно проучена.

Во новата студија тимот на Гиус забележал зголемување на клеточното стареење предизвикано од кето-диета само кај машки глувци, освен кога им бил даден женскиот хормон естроген. Машките глувци на кето-диета, исто така, покажале зголемување на маркерите на оксидативен стрес, за кој е познато дека придонесува за стареење во клетките. Имено, истражувачите откриле дека третманот со естроген или естрадиол спречил зголемување на клеточното стареење и оксидативен стрес кај машки глувци на кето-диета, како и неколку воспоставени антиоксиданси.
Тие, исто така, забележале дека кога на женките им бил администриран тамоксифен - селективен инхибитор на естрогенските рецептори кој ги блокира ефектите на естрогенот - тие покажале зголемување на оксидативниот стрес и клетките кои експресираат маркери за стареење, исто како и кај машките глувци.
- Овие резултати покажуваат дека естрогенот е важна варијабла во одговорот на кето-диетaта - истакнал Џиус.
Истражувачите откриле и дека исхраната со многу масти - која содржи повеќе јаглехидрати - предизвикува стареење на клетките кај машките, но не и кај женските глувци.
Извор: medicalxpress.com
Фото: Freepik