X
 02.02.2017 Технологија

Исповед на вработен во „Apple“: Станавме здодевни откако го нема Џобс

„Apple“ е најголема компанија на светот, но да се биде број еден и не е баш забавно – така барем смета еден истакнат поранешен вработен во компанијата, што ја нарекува „здодевна“.


Компанијата често се опишува како една од најтаинствените корпорации на светот, во која вработените се навистина посветени. Боб Буроу бил вработен седум години во компанијата, како одговорен за развојот на софтверот. Тој смета дека постои голема и потенцијално штетна разлика помеѓу Стив Џобс и Тим Кук. Тој напишал на Твитер дека Тим ја претворил „Apple“ во здодевна компанија. Образложил дека тоа се однесува на фактот што Кук го отпуштил шефот на развој на софтверот за да нема судири во компанијата. Тврди дека под неговото водство ќе дојде до крај на судирите, а можеби и иновации.

Буроу смета дека под водството на Кук дошло до експлозија на бројот на менаџери на средно ниво. Стилот на водење на Џобс бил динамичен, па тој често викал на луѓето за да ги мотивира. Кук е мајстор за управување со процеси, производство и инвентар. Неговиот начин на говор е бавен и е многу потешко да биде „прочитан“ за разлика од Џобс, смета Буроу.

Според информациите кои се пласираат внатре во компанијата, се остава впечаток дека во компанијата ништо не се променило. Уште постои она што Буроу го нарекува судир, но сега има друго име – дебата. Инсајдери од компанијата велат дека перспективата на Буроу е погрешна.

„iPhone“ го постави стандардот за сите паметни телефони. Постојаните иновации и растечки услуги се она што ја направија компанијата да стои на врвот. Ако во 2017 година „Apple“ на пазарот промовира нов производ, се ќе им биде простено. Ако не, луѓето ќе се запрашаат дали Боб Буроу сепак бил во право, стои во извештајот на „Mashable“.


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија