X
 05.01.2021 Технологија

Новата ракета за лансирање на Илон Маск веројатно нема да слетува

Илон Маск планира да испраќа ракети кон Месечината, Марс или друго место во универзумот во блиска иднина. Ракетите со кои ќе се лансираат вселенските летала кои ги замислува претприемачот веројатно нема да слетуваат, туку ќе се враќаат во кулата за лансирање, каде што ќе бидат „фатени“ од специјално дизајниран уред и ќе бидат подготвени за следно лансирање за само еден час.

Извршниот директор на „Спејс-Екс“ го откри овој план на „Твитер“ минатата недела. Во одговор на објава на друг корисник, Маск напишал дека компанијата ќе се обиде да ја фати ракетата со „раката“ на кулата за лансирање и ќе користи мрежни перки за да го издржи товарот.



Во објавата, тој зборува за нова генерација ракети кои се дизајнираат во фабриката на компанијата во Тексас. Маск има визија неговите ракети да носат до 100 патници надвор од Сончевиот Систем и на подолги патувања во вселената.

Моменталната функционална ракета на компанијата се користи за лансирање сателити и мисии до Меѓународната вселенска станица. Оваа ракета слетува на Земјата при враќањето со помош на ногарки. Новата ракета за која зборува Маск на „Твитер“ веројатно нема да ги има овие ногарки, со што ќе се намали нејзината тежина, ќе се намалат трошоците и ќе се овозможи инстантно позиционирање за следната мисија, објаснува тој.

Маск додава и дека концептот не е дефинитивен и дека новата ракета може да ги има ногарките. Не се знае кога ќе ги видиме овие планови во акција.

Автор: Ерик Мак
Извор: cnet.com
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија