X
 05.01.2026 Живот

Бијонсе, Лабубу и рекламата за фармерки на Сидни Свини - вирaлни моменти што ја обележаа 2025 година

Последните 12 месеци донесоа голем број вирални моменти: од свршувачката на Тејлор Свифт, пијанството на еден ракун, до трендот „6-7“ кој на наставниците низ светот им предизвика предвремено пензионирање.

Реакцијата на Бијонсе на наградите „Греми“ 

 

Иако во февруари при добивањето на наградата за кантри-албум на годината Бијонсе во ниеден момент не покажа сомнеж, изразот на нејзиното лице и јазикот на телото јасно го покажуваа изненадувањето.

Иако кантри-заедницата долго време имаше отпор кон албумот „Cowboy Carter“, тој на крајот доживеа триумф, носејќи ѝ ја на Бијонсе првата награда „Греми“ за албум на годината.

Драмата околу рекламата за фармерки на Сидни Свини

 

Рекламата на „Американ игл“ во јули со актерката Сидни Свини, облечена целосно во фармерки, предизвика бурни реакции. Слоганот „Сидни Свини има одлични фармерки“ беше протолкуван различно: или како забавна игра на зборови или како спорна порака со историски конотации.

Публицитетот ја зголеми продажбата на фармерките, но актерката не доби сличен успех со следниот филм. Таа подоцна изјави дека не поддржува ставови што некои ги поврзаа со кампањата и дека го направила тоа бидејќи сака фармерки и го сака брендот.

„Адолесценција“: Чудо од дете

 

Серијата „Адолесценција“ на „Нетфликс“ беше еден од најголемите хитови оваа година. Овен Купер стана најмладиот машки добитник на наградата „Еми“ на само 15 години, токму поради улогата во оваа серија.

Популарното дубаи-чоколадо

 

Низ годините веќе имаше популарни пијалаци и храна: мача, чај со топчиња, „старбакс“ кафе со маслиново масло и слично. Оваа година ф'стакот конечно ги доби своите пет минути слава, откако една жена го претвори во феномен. Чоколадото и креамстиот фил од ф'стаци подоцна станаа вирални на „Тик-ток“ и предизвикаа глобален пораст на побарувачката на ф'стаци.

Лабубу-манија

 

Ако 2025 година имаше лице, несомнено би било направено од пластика, со зашилени уши, големи очи и насмевка со точно девет заби.

Дело на уметникот Касинг Лунг од Хонгконг, адаптирано од серијалот сликовници „Чудовишта“, лабубу оваа година беше дел од секоја чанта, а трендот го следеа и Ријана, Дуа Липа и многу други познати актерки.

Бескрајниот говор на Адриен Броди на „Оскарите“


 

Кога ќе срушите некој рекорд на „Оскарите“, обично тоа е добра работа, но Броди доби проблематичен рекорд кога освои „Оскар“ за најдобра машка улога.

Откако ја прими наградата, Броди одржа говор кој траеше 5 минути и 40 секунди, што е најдолг во историјата на Академијата.

Извор: ВВС
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот