X
 24.02.2015 Забава

Оскари 2015: Најдобрите, најлошите и најчудните моменти

После долга сезона на награди, конечно пристигнаа и Оскарите. Ноќта беше преполна со забава, сепак имаше неколку изненадувања и прекрасни говори кои вечерта ја направија навистина забавна за сите, и кои не` потсетија зошто Оскарите се најпрестижното шоу на награди.

 

1


Од најдоброто Оскаровско отворање на Нил Патрик Харис, до Џон Траволта и неговата чудна реакција кон Идина Мензел, ви ги нудиме најдобрите, најлошите и најчудните моменти од овогодинешните Оскари.

Најдобрите

Совршеното Оскаровско отворање на вечерта

 

1


Епската песна на Нил Патрик Харис и неговиот танц. Можеби останатиот дел од вечерта беше малку несигурен, сепак, неговото големо, бомбастично „интро“, беше и повеќе од доволно да го извади за целата вечер.

Бенедикт Камбербеч е неверојатен

 

2


Едноставно е. Смешен е и неверојатен актер и мора да започне да глуми во повеќе филмови.

„Се` е неверојатно“

 

3


Изведбата на „Everything is awesome“ беше навистина неверојатна, инспиративна. Најзабавниот дел од целата оскаровска вечер.

Соблекувањето на Нил Патрик Харис

 

5


4


Нил Патрик Харис се соблече оставајќи ја само неговата долна облека, глумејќи дел од сцена во „Birdman“, и ова беше еден од најдобрите моменти на целото шоу.

Изведбата на на Лејди Гага

 

6


Ова беше неверојатно и прекрасно. Изведбата ни внесе надеж дека можеби во иднина повеќе ќе видиме од оваа Лејди Гага. Плус, појавувањето на Џули Ендрус беше бесценето.

 

8


„Glory“ ги расплака сите

 

9


Песната од „Selma“ освои Оскар за најдобра песна, а ова беше победа која сите можеа да ја видат после изведбата на Џон Леџенд и Комон којашто предизвика солзи кај целата публика.

Инспиративниот говор на Грахам Мор

 

10


Кога Мор, писателот на „The Imitation Game“, го освои Оскарот за најдобро оригинално сценарио, тој даде еден од најдобрите инспиративни говори. „Се обидов да се самоубијам кога имав 16 години и сега стојам тука. Би сакал овој момент да е за она дете кое се чувствува дека не припаѓа никаде. Припаѓаш. Остани чуден. Остани различен. И тогаш кога ќе ти биде тебе ред, и кога ќе стоиш на оваа сцена, те молам продолжи ја истата порака“.

Лего Оскарите

 

12


„Тhe Lego Movie“ не беше номиниран, и покрај логиката која вели дека требаше да биде, меѓутоа беше неверојатно што ѕвездите добија лего Оскар.

Еди Редмејн и неговата реакција на Оскарот

 

1

13


Бидејќи е најталентираниот актер на годината како и најнеодоливиот актер во Холивуд, неговиот говор беше неверојатен, исто колку и неговиот шок.

Најлошите

Лего филмот не беше номиниран! Исто така, за време на сегментот „In Memoriam“, Џоан Риверс беше пропуштена.

Најчудните

Џон Траволта и допирањето на лицето на Идина Мензел

 

14


После чудниот бакнеж кој и` го даде на Скарлет Јохансон на црвениот тепих, Тарволта заедно на сцена со Идина Мензел, дојде моментот и на Идина да му се одмазди, со тоа што погрешно го кажа името на Траволта. Но, тој започна да и` го допира лицето како некој луд човек зјапајќи во неа. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава