X
 05.02.2022 Култура

Бетовен: „Доблестите, а не парите, можат да ве направат среќни“

Лудвиг ван Бетовен е еден од најпочитуваните, најпопуларни и највлијателни композитори на сите времиња.

Во продолжение прочитајте некои од неговите познати мисли и цитати.

- Музиката е повисоко откровение од секоја мудрост и филозофија.

- Музиката е посредник помеѓу интелектуалниот и сетилниот живот... единствениот бестелесен влез во повисокиот свет на знаење што го разбира човештвото, но кој човештвото не може да го разбере.

- Ви посакувам музиката да ви помогне со товарите на животот и да ви помогне да ја ослободите вашата среќа кон другите.

- Добриот поет е најскапоцениот камен на една нација.

-  Постојат многу принцови и благородници. Има само еден Бетовен.

- Музиката може да го промени светот.

- Музиката треба да предизвика „оган“ во срцето на човекот и да предизвика солзи во очите на жената.

- Ништо не е понеподносливо од тоа да мора да си ги признаете сопствените грешки.

- Музиката ми доаѓа полесно отколку зборовите.

- Препорачувајте им доблести на вашите деца; само тие, а не парите, можат да ги направат среќни. Зборувам од искуство.

Извор: Brainyquote.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура