X
 05.03.2020 Живот

31.000 луѓе ѝ се приклучија на ултрабогатата елита

Повеќе од 31.000 луѓе се вклучија во редовите на ултрабогатите минатата година. Богатството на веќе богатите им порасна поради зголемувањето на цената на акциите на глобалните берзи и цените на недвижностите.

Бројот на лица со исклучително висока нето-вредност (UHNWI), оние со над 30 милиони долари, се зголеми за 6 отсто минатата година, односно 513.244 луѓе, се вели во извештајот на консултантската компанија за имот „Најт Френк“.

Ова значи дека има повеќе ултрабогати луѓе низ светот отколку жители на Исланд, Малта или Белизе.

Се очекува бројот на лица со исклучително висока нето-вредност да се зголеми за дополнителни 27 отсто, односно 650.000 луѓе до 2024 година, се проценува во извештајот, бидејќи се создаваат огромни богатства во Индија, Египет, Виетнам, Кина и во Индонезија.

bogati
Речиси половина од 513.244 луѓе кои вредат повеќе од 30 милиони долари, живеат во САД
Фото: Knight Research

Се зголеми бројот и на оние со малку „поскромно“ богатство. Сега има милионери тешки 50 милиони долари, кои во 2019 година имале 46,9 милиони.

„Најт Френк“ во својот извештај за богатство изјави дека 2019 година била „бурна година“ за многу инвеститори и пензиски фондови. Повеќето од многу богатите пријавиле погубна година за нивните лични богатства.

- Економски, 2019 година беше бурна година, со што Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали својата прогноза за раст на глобалниот БДП од 3,5 отсто во јануари 2019 година на само 2,9 отсто во јануари 2020 година - се вели во извештајот.

- И покрај ова, светската популација на лица со исклучително висока нето-вредност се зголеми за 6,4 отсто - вели извештајот.

Лиам Бејли, глобален шеф за истражување на „Нат Френк“ вели дека речиси половина од лицата со исклучително висока нето-вредност се во САД (има 240.000 луѓе со повеќе од 30 милиони долари), а земјите со најбрзо растечки број на ултрабогати се во Азија и Африка.

- Неверојатно е како се развива богатството низ цела Азија, а со бројот на ултрабогатите во Индија, Виетнам, Кина и Малезија ќе се надминуваат други пазари во текот на наредните пет години. Ќе биде интересно да се види како тоа ќе влијае врз глобалниот пазар на недвижности - изјави Бејли.

Бројот на лица со исклучително висока нето-вредност во Индија се очекува да се зголеми за 73 отсто во текот на наредните 5 години. „Најт Френк“ очекува Египет, каде што има 764 ултрабогаташи, да биде втора најбрзорастечка држава и да има зголемување за 66 отсто до 2024 година. Веднаш зад неа ќе бидат Виетнам, Кина и Индонезија.

Населението на лица со исклучително висока нето-вредност во Велика Британија се зголеми за 4 отсто со 14.400 луѓе, со што Велика Британија се најде на шестото место зад САД, Кина има 61.600 лица, Германија 23.000 лица, Франција 18.800 лица и Јапонија 17.000 лица со исклучително висока нето-вредност.

Вкупниот број на лица со исклучително висока нето-вредност во истражувањето на „Најт Френк“ нагло се зголеми во споредба со истражувањето за 2018 година, откако компанијата ја смени својата методологија во која ги вклучи и домовите на лицата.

Извор: The Guardian
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот