X
 23.07.2025 Технологија

15.000 нови биткоин-милионери за половина година

Истражувањето на платформата „Финболд“ открива зголемување од 9 % на високовредните БТЦ-паричници помеѓу 20 јануари и 20 јули 2025 година, со што вкупниот број на биткоин-милионери достигнал 192.205. Истражувањето покажало дека бројот на криптовалутни паричници што содржат над 10 милиони долари во БТЦ доживеал најголем пораст, растејќи за повеќе од 16 %. Во просек, дневно се додавале 88 нови милионери во овој период. Според нив, институционалната акумулација и јасните прокрипто-политики на администрацијата на Трамп создале совршена средина за експлозивен раст на паричниците.

Импулсот одразува поширок бран на оптимизам во криптосекторот, а од реизборот на Трамп на 6 ноември 2024 година бројот на крипто-милионери се зголемил за повеќе од 59.000.

Главен пресврт се случи кога Претставничкиот дом го усвои Законот ЏИНИУС/GENIUS, првото сеопфатно законодавство за криптовалути во земјата. Претседателот Трамп го потпиша законот на 18 јули на церемонија во Белата куќа, зајакнувајќи ја целта на неговата администрација за позиционирање на САД како глобален лидер во дигиталните финансии. 

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија