X
 05.04.2024 Наука

Физичарите „уловиле“ фасцинантен четиридимензионален „дух“ во акцелератор на честички

Во тунелите на акцелераторот на честички во ЦЕРН се крие невидлива појава – феномен кој може да го промени патот на честичките и да создаде проблеми во нивното истражување, тврдат физичарите. На суперпротонскиот синхротрон конечно ја измериле и ја квантифицирале таа структура, која ја опишуваат како четиридимензионална, а резултатот е феномен познат како резонанса.

- Овие резонансии предизвикуваат честичките да не го следат точно патот што го сакаме, а потоа да одлетаат и да се изгубат. Ова предизвикува деградација на зракот и го отежнува постигнувањето на потребните параметри на снопот - вели физичарот Џулијано Франчети.

Резонанса се јавува кога два система комуницираат и се синхронизираат. Може да има резонанса помеѓу планетарните орбити додека тие гравитационо комуницираат при нивното патување околу ѕвездата, или звучна виљушка (камертон), што почнува да сочувствува кога звучните бранови од друга виљушка ќе ги погодат нејзините врвови.

- Во физиката на акцелератори размислувањето често е само во една рамнина. За мапирање на резонанса, неопходно е да се измерат честичките и на хоризонталната и на вертикалната рамнина - вели Франчети.

Користејќи ги мониторите за положбата на зракот по должината на суперпротонскиот синхротрон, позициите на честичките биле измерени за приближно 3.000 снопови на зраци. Со внимателно мерење каде се центрирани честичките, или со нивно поместување на една страна, тие можеле да генерираат мапа на резонанса што го обиколува акцелераторот.

-Она што го прави нашето последно откритие толку посебно е тоа што покажува како поединечните честички се однесуваат во поврзана резонанса. Можеме да покажеме дека експерименталните наоди се совпаѓаат со она што беше предвидено врз основа на теорија и симулација - истакнале научниците.

Следниот чекор е да се развие теорија која опишува како поединечните честички се однесуваат во присуство на акцелераторска резонанса. Ова, тврдат истражувачите, на крајот ќе им овозможи нов начин да ја ублажат деградацијата на зракот и постигнување високоверни зраци, потребни за тековните и идните експерименти во забрзувањето на честичките.

Извор: Klik.hr

Фото: CERN/X

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука