X
 05.05.2020 Живот

72-годишен Британец сам со брод го помина Атлантскиот Океан

Светот значително се смени во периодот додека Греам Волтерс пловел по Атлантскиот Океан.

72-годишниот Британец тргнал од шпанскиот остров Гран Канарија на 25 јануари, со намера да го премине океанот и да стигне до Антигва. Ова е негово петто пловење по Атлантскиот Океан, а трето што го прави сам. Со овој подвиг Волтерс сакал да сруши неколку светски рекорди, а во средата, по 96 дена пловење, тој успеал во тоа.



Официјално, тој стана најстариот човек што сам го препловил Атлантскиот Океан, најстариот човек што сам препловил кој било океан и најстариот човек што препловил океан повеќе од еднаш.

Волтерс имал проблеми кон крајот на патувањето, кога поради ветер се оддалечил од брегот на Антигва. Му помогнале од крајбрежната стража, но сепак успеал да ги сруши рекордите.

Волтерс изјавил за „Гардијан“ дека се чувствува фантастично поради успешното патување, но признава дека му е тешко да разбере колку се сменил светот поради пандемијата.

- Се чувствувам како да сум бил во меур и сега сум се разбудил во алтернативен универзум - изјавил тој.

Извор: theweek.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот