Познато е дека производството на место има негативно влијание врз животната средина, а најдобриот начин за намалување на ова влијание е луѓето да престанат да консумираат месо.
Но, полесно е да се каже отколку да се направи, особено за оние што не можат да живеат без сочен бифтек или хамбургер. Затоа, со текот на годините, почна да цвета алтернативниот пазар на месо. Многу нови технологии се обидуваат да произведат растително место што ќе има ист вкус како вистинското месо.
Ова се обидува да го направи и израелската компанија наречена „Ридифајн мит“, која неодамна го создаде првото 3Д-печатено веганско месо наречено „Алт-Стек“.
Компанијата одлучила да направи нешто што досега не било направено - 3Д-печатено веганско
месо што ги имитира текстурата, изгледот и вкусот на вистинскиот стек.
„Алт-стек“ е дизајнирано така што совршено ја имитира мускулната структура на говедското месо. Компанијата работела со експерти за месо како готвачи, технолози за храна и месари, мапирајќи повеќе од 70 различни сензорни фактори за да се создаде сочниот вкус на бифтекот.
Бифтекот е направен од протеини од соја и грашок, масти од кокос и сончогледово масло, природни бои и вкусови. Со оглед на тоа што е од растително потекло, поздрав е од вистинскиот бидејќи нема холестерол и е богат со протеини.
Месото наскоро ќе биде тестирано во ресторани во Израел, а од компанијата се надеваат дека ќе биде достапно за поширока дистрибуција наредната година.