X
 05.07.2024 Живот

Загрижувачки несакани ефекти: „Ковид-автомобилите“ го преплавија половниот пазар

Половниот пазар е преплавен со „ковид-автомобили“. Тоа се автомобили со несоодветни нивоа на опрема и спецификации, испорачани за време на пандемијата, кои сега ги покажуваат своите слабости.

Овие возила се жртви на глобалниот недостиг на делови, предизвикан од пандемијата пред три години, а кошмар на секој производител тогаш беа полуспроводниците. Полуспроводниците се најважни за работата на моторите, менувачите, сопирачките, воздушните перничиња, суспензиите, мултимедијалниот дел, камерите, прозорците, седиштата, безбедносните системи... Буквално сè работи со помош на ситен полуспроводник. За неговата важност доволно кажува и фактот што во секој автомобил се инсталирани околу 1.400 микрочипови.

Соочени со ограничени резерви, некои производители на автомобили изоставија многу функции кои зависат од полуспроводниците. Како резултат на тоа, значителен дел од новите автомобили испорачани во 2022 година немаа многу карактеристики од нивните спецификации, вклучително и безжични полначи за телефони, екрани, резервни клучеви, главни дисплеи, сателитска навигација, амбиентално осветлување или електрично приспособување на седиштата.

Дури и тогаш, многумина предупредуваа за ризикот таквите автомобили да влезат на половниот пазар во рок од две години. Нивното предвидување се покажа точно, при што една водечка трговска организација забележала дека кога автомобилите почнале да пристигнуваат во голем број, дилерите на половни автомобили откриле дека им недостигаат клучните ставки наведени во официјалните технички документи. Некои автомобили дури се направени со аналогни инструменти и часовници и опремени со помали тркала.

Дилан Сетерфилд, раководител на стратегијата за предвидување во британскиот „Кап ХПИ“, истакнал:

- Нашиот тим за собирање податоци за возилата секој ден ги прашува производителите за точна документација, со ревидирани или намалени спецификации. Затоа побаравме во овие случаи да се направат нови „лични карти“ за возилата. Сепак, за некои возила се чини дека производителите не воделе детална евиденција за тоа колку елементи се отстранети. Дилерите и трговците купуваат толку многу автомобили „на слепо“ и не сфаќаат дека купиле ковид-автомобил. Никој не ја сака драмата што произлегува од погрешно опишување на автомобилот бидејќи тоа е лошо за бизнисот. Сакаме чиста и јасна ситуација - изјавил Сетерфилд.

Извор: jutarnji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот