X
 05.07.2025 Здравје

Доктори ги објаснуваат последиците ако ги триете очите кога ве чешаат

Секој ги трие очите кога ќе го чешаат, нели? Иако може да изгледа како природна работа, тоа нема да му помогне на вашето здравје.

Всушност, тоа може да биде голем проблем ако продолжите да го правите. Според очни хирурзи, луѓето ги тријат очите од повеќе причини, без разлика дали е тоа затоа што се чувствуваат уморни, им се иритирани очите или имаат поленска треска или симптоми на настинка. Без разлика на причината, луѓето го прават тоа отсекогаш, но се чини дека сега е време да се престане.

Иако триењето на очите понекогаш може да биде терапевтско, секогаш постои подобар начин да се справите со иритирано око кое ве чеша, а е и побезбедно.

Клип од очна клиника се проширил на интернет и покажува што може да се случи ако продолжите да ги триете очите. Видеото, објавено на „ЈуТјуб“ од Центарот за нега на очите „Фрејзер“, прикажува многу од нивните очни специјалисти како детално објаснуваат што е најлошото нешто што можете да им го направите на вашите очи, а триењето е на првото место.

Еден експерт објаснува точно зошто.

-Триењето на очите, треба да престане. Ве молам, ако мора да го триете окото, наместо да го триете очното јаболко, тријте ја коската – вели експертот.

Тоа е затоа што триењето на очите може да внесе бактерии, предизвикувајќи болести или инфекции, а особено е лошо ако носите контактни леќи.

Исто така, експертите велат дека триењето може да предизвика крвавење на очите бидејќи ги крши малите крвни садови, може да внесе бактерии и да предизвика инфекции, а може и да ја оштети рожницата ако има туѓ предмет во очниот капак.

Може и да го зголеми очниот притисок, да го наруши протокот на крв и да резултира со оштетување на нервите кај оние со глауком, а исто така може да ја истенчи рожницата - кератоконус, што потоа предизвикува искривен вид.

Наместо да ги триете очите, редовно користете вештачки солзи (капки за очи) за очите да бидат хидрирани.

Можете да пробате фиџет-спинер или алтернативна фиџет-играчка или активност за да се обидете да го одвлечете вниманието од таа активност и да ја замените навиката. Можете исто така да размислите за правење топли облоги на окото наместо да ги триете или да побарате од вашиот лекар да ви препише капки за очи (антихистамински капки за очи) за да спречите чешање на очите.

Луѓето на интернет со лута реакција на советот, особено затоа што уживаат во триењето на очите. Но, експертите се јасни – не правете го тоа.

Извор: unilad.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје