X
 05.08.2019 Живот

Страшна снимка на која може да се види река од стопените глечери на Гренланд

Цело време слушаме како глечерите се топат поради климатските промени и како ситуацијата станува сѐ пострашна, но не секогаш сфаќаме колку е сериозно сето тоа. Една снимка можеби ќе помогне за тоа.

Имено, новинарката Лори Гарет на „Твитер“ објави снимка на која се прикажани ефектите на масивното топење на Гренланд. Видеото е снимено во Кангерлусуак, на западната страна од Гренланд и на него може да се види река создадена од топењето на мразот на глечерот која се слева во океанот.

Топењето било забележано откако на островот минатата недела беа измерени невообичаено високи температури.

Иако вообичаено на Гренланд ваквите топења се забележуваа еднаш годишно, ова е второ за оваа година. Во меѓувреме, научниците велат дека во четвртокот било забележано најголемото топење на ледената покривка на Гренланд, кога во морето се стопиле 11 милијарди тони мраз, што е еднакво на 4,4 милиони олимписки базени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот