X
 05.09.2021 Наука

Периоден систем што покажува како комуницираме со елементите во секојдневието

Ако се обидете да се сетите на работите што сте ги учеле на часовите по хемија, веројатно ќе се сетите колку ви било тешко да го запаметите Периодниот систем на елементите.

Но, овој дизајн на Периодниот систем ќе ви го олесни тоа. Дизајниран од софтверскиот инженер Кит Еневолдсен, „Периодниот систем на елементи во слики“ ги става елементите во нашиот секојдневен живот, покажувајќи ни како редовно комуницираме со нив.

Табелата на Еневолдсен не ги преплавува учениците со многу информации, факти и бројки што веројатно не се релевантни за нив, на пример, атомската тежина и броевите на валентност.

2
Kликнете на фотографијата за да ја преземете табелата

- Табелата е кодирана во бои за да ги прикаже хемиските групи. Малите симболи спаѓаат во дополнителни информации: цврст/течен/гас, боја на елемент, чест во човечкото тело, чест во Земјината кора, магнетни метали, благородни метали, радиоактивни и ретки или никогаш најдени во природата - објаснува дизајнерот.

1

2

ТУКА можете да ја преземете табелата.

Извор: Mental Floss
Фото: Keith Enevoldsen
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука